Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни дека не е виновен по сите точки на обвинението, во Судот во Менхетн каде беше и формално уапсен.

Advertisements

Според обвинителот Алвин Брег, Трамп е обвинет дека со измама ги фалисификувал деловните книги за да запре штетни информации за него, да излезат во јавоста, во пресрет на изборите во 2016 година.

„Не можеме да дозволиме бизнисмени во Њујорк да манипулираат за да го прикријат своето криминално однесување – пишува во официјалното соопштение на обвинителот. Според истрагата и трагата на парите, Трамп од 2015 година до декември 2017 извршил серија уплати: му платил на поранешниот вратар во кулата Трамп 30 000 долари зашто тој тврдел дека има приказна за негово вонбрачно дете, во друг случај платил 150 000 долари на жена која тврдела имала врска со него..во трет случај биле исплатени 130 000 долари на адвокат на актерка во филмови за возрасни. 11 чекови биле издадени, а на девет од нив бил потписот на Трамп.

Врховниот судија му дозволи на Трамп да се врати дома во Флорида каде вечерва ќе им се обрати на своите приврзаници. Претходно, на социјалните мрежи напиша :

„Одам на суд. Ова изгледа надреално-ќе ме уапсат. Не можам да верувам што се случува во Америка.

Трамп е првиот претседател на САД кој е кривично гонет.

Прикажи повеќе