Македонскиот репрезентативец Валон Етеми е една од трансферните желби на Трабзонспор ова лето. Тој имаше одлична сезона во дресот на Истанбулспор и го привлече вниманието на големите клубови во Турција. Новиот тренер на Трабзонспор, Ненад Бјелица, ќе го доведе Бруно Петковиќ од Динамо Загреб, но бара најмалку уште едно освежување во навалната линија, а тоа би можел да биде токму Етеми.

Валон Етеми има договор со Истанбулспор до 2025 година, но доколку Трабзонспор понуди одредена отштета сигурно дека двата клуба ќе влезат во посериозни преговори.

Етеми минатата сезона постигна 12 гола во дресот на Истанбулспор во турската Суперлига.

Во Трабзонспор е и Енис Барди и сѐ уште не е јасно дали ќе продолжи да го носи дресот на овој клуб или ќе ја промени средината./Makfudbal

Прикажи повеќе