Македонскиот репрезентативец Енис Барди е желба на италијанскиот калчолигаш Торино. Според турските медиуми, раководството на Торино испратило понуда до Трабзонспор да го добие Барди на едногодишна позајмица, со опција за целосен откуп на договорот по завршувањето на сезоната.

За Барди имаше интерес и од Џирона и од ЛА Галакси, но фудбалерот истакна дека сака да остане во Трабзонспор. Прашање е дали би се премислил по најновиот развој на настаните и понудата која доаѓа за преселба во Серија А.

Трабзонспор се наоѓа на подготовки во Словенија, Барди постигна гол од слободен удар, а на 25. јули ќе имаат тест и со македонскиот прволигаш Работнички.

Прикажи повеќе