Тимоти Веа, синот на легендарниот Жорж Веа, освојувач на „Златна Топка“ и екс-фудбалер на Милан и официјално доаѓа во италијанската Серија А, ама во дресот на Јувентус кој договори сѐ за негов трансфер од Лил за 12 милиони евра.

Според информациите на Фабрицио Романо, Веа, Јувентус и Лил постигнале конечен договор за трансферот и до крајот на неделава, Тимоти ќе ги има лекарските прегледи пред официјално да го потпише договорот и да биде промовиран за засилување на „старата дама“.

Веа би требало да потпише петгодишен договор.

Прикажи повеќе