Темното чоколадо не е само замена за слатки за луѓето кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Богат е со голем број на различни хранливи материи.

Ова чоколадо е направено од семките на какаото дрво и е богат извор на антиоксиданси, но покрај тоа има и бројни позитивни ефекти врз нашето здравје и врз нашиот организам.

Кога консумираме слатки, во нашиот мозок се јавува дополнително „производство“ на допамин и серотонин, кои на телото му даваат убаво чувство. Но, тој процес може да доведе до зависност. Колку што темното чоколадо и другите слатки можат да ни дадат чувство на задоволство, потребно е да имаме самоконтрола за да не создадеме зависност.

Темното чоколадо содржи органски соединенија кои функционираат како антиоксиданти и се биолошки активни. Антиоксидансите ги неутрализираат слободните радикали и спречуваат појава на оксидативен стрес. Оксидативниот стрес придонесува за процесот на стареење, додека со текот на времето неговите ефекти можат да придонесат за развој на болести како што се: срцеви заболувања, дијабетес, Алцхајмерова болест, рак или некои болести на очите.

Флаванолите претходно споменати во темното чоколадо можат да го стимулираат ендотелот да произведува азотен оксид. А една од функциите на азотен оксид е да испрати сигнал до нашите артерии да се релаксираат. Последица на релаксација на артериите е подобрување на протокот на крв и истовремено намалување на крвниот притисок.

Што значи дека соединенијата кои содржат какао и темно чоколадо можат позитивно да влијаат на протокот на крв во артериите и да влијаат на падот на крвниот притисок.

Конзумирањето темно чоколадо, кое има висока содржина на какао, значи и консумирање на препорачаната дневна доза на влакна и минерали. Ако земеме предвид 100 грама темно чоколадо кое има 70-85% какао, тоа го содржи следново:

11 грама влакна

високи количини на калиум, фосфор, цинк и селен

67% од препорачаната дневна доза на железо

98% од препорачаната дневна доза на манган

89% од препорачаната дневна доза на бакар

58% од препорачаната дневна доза на магнезиум

Наведените хранливи материи содржат 600 калории и умерено количество шеќер, па затоа е важно да бидете умерени со нивниот внес.

Врз основа на една студија во која беа вклучени здрави доброволци, беше заклучено дека протокот на крв во мозокот се подобри по само пет дена консумирање какао со висок флавонол.

Какаото како храна може значително да ја подобри когнитивната функција кај постарите лица со ментални нарушувања. Покрај тоа, содржи и кофеин и теобромин, кои се сметаат за главни причинители за подобрување на функциите на мозокот.

Воспалението е дел од имунолошкиот одговор на телото на бактерии и други штетни материи, а хроничното воспаление може да ги оштети клетките и ткивата.

Темното чоколадо содржи соединенија со антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали воспалението во телото.

Во 2018 година беше спроведена студија во која беа вклучени 5 субјекти за да се провери ефектот на темното чоколадо врз телото и беше заклучено дека конзумирањето на големи количини од 70% темно чоколадо влијае на активноста на гените кои го регулираат имунолошкиот одговор.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.