Милвоки Бакс мина лошо во пресметката на двете најдобри екипи на Истокот. Бостон Селтикс на гости го растури тимот на Јанис Адетокумбо со 140:99 и му го загрозува првото место. Милвоки сега има 55 победи и 22 порази, а Бостон е на втората позиција со 53 триумфи и 24 порази. До крајот на регуларниот дел има пет кола.

Advertisements

Џејсон Тејтум со 40 поени беше најефикасен во Бостон, а Браун додаде 30 поени. Кај Милвоки најпрецизен беше Јанис Адетокумбо со 24 поени.

Денвер е најдобриот тим во Западната конференција, но без српскиот центар Никола Јокиќ загуби дома од Њу Орлеанс со 88:107. Брендон Инграм го заокружи натпреварот со трипл-дабл, односно со 31 поени, 11 скока и 10 асистенции.

Денвер останува најдобар на Западот со три победи повеќе од второпласираниот Мемфис.

Прикажи повеќе