Сопственикот на „Твитер“, Илон Маск објави дека платформата привремено го ограничила бројот на твитови што корисниците можат да ги прочитаат во еден ден.

Маск на Твитер објави дека неверификувани профили ќе може да читаат до 600 објави дневно.

Од друга страна, верификуваните профили се привремено ограничени на читање на шест илјади објави дневно. Маск посочува дека новоотворените неверификувани профили може да видат само 300 објави дневно.

Во изјавата, Маск вели дека привремените ограничувања за читање се поставени за да се решат „екстремните нивоа“ на собирање податоци и манипулација со системот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.