Екипата на Македонија ЃП ќе ги продолжи настапите во Првата македонска фудбалска лига со нов тренер, откако Александар Таневски поднесе оставка на должноста шеф на стручниот штаб.

Таневски ја напушти клупата на прволигашот од Ѓорче Петров по вчерашниот пораз од Брегалница во Штип со 4-1, петти во последните шест прволигашки натпревари.

По десет одиграни кола, Македонија ЃП е во зоната на испаѓање со 10 бодови на деветтото место на табелата.