Поради прекумерна и неправилна употреба на бактерии, се повеќе луѓе умираат од супербактерии, отпорни на стари антибиотици.

Повеќе од 35.000 Американци годишно умираат од бактериски или габични инфекции отпорни на лекови. Затоа, американската ФДА, Управата за храна и лекови, издаде одобренија на шест стартапи за нивните нови антибиотици од 2017 година. Но, сите тие прогласиле банкрот, бараат нов сопственик или се гасат, пишува Wall Street Journal, а пренесува Јутарњи лист.

Околу 300 научници беа вклучени во развојот на антибиотици во тие компании, околу 80 отсто од нив сега прават нешто друго, вели Кевин Ауттерсон, извршен директор на CARB-X Group. Проблемот е што развојот на нови антибиотици е скап, а пазарот не сака да ја плати високата цена. Новите антибиотици се наменети за ретка и краткотрајна употреба, во случај на најопасните инфекции, за бактериите да не развиваат отпор пребрзо. Компаниите им одредиле цени 100 пати повисоки од генеричките антибиотици кои лекарите ги препишуваат со децении и чинат неколку долари по доза. Но, малкумина сакаат да платат 100 пати поголема цена.

Повеќето големи фармацевтски компании не развиваат антибиотици бидејќи тие не се профитабилни. Неколку стартапи влегоа во бизнисот, но повеќето од нив не успеаја. Nabriva Therapeutics ги отпушти своите преостанати 60 вработени и бара купувач, четири години откако FDA го одобри нејзиниот антибиотик за пневмонија Xenlet. Петдневен третман со Ксенлет чини над 1.000 долари – додека генеричките антибиотици за пневмонија обично чинат помалку од 100 долари. Nabriva го понуди лекот на лекарите во 800 болници, само 100 од нив го прифатија.

Компанијата Achaogen поднесе барање за стечај во 2019 година, помалку од една година откако FDA го одобри нивниот лек Zemdri за комплицирани инфекции на уринарниот тракт. Тие во 2018 година потрошиле речиси 200 милиони долари за производство на лекот и за маркетинг, додека од продажбата на лекот заработиле само 800.000 долари.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.