Судот во Салехард ја прими жалба од мајката на Навални

Градскиот суд Салехард прими Жалба за незаконски дејствија од мајката на Алексеј Навални, Људмила Навалнаја. Разгледувањето на жалбата ќе се одржи зад затворени врати, соопшти Судот, пренесува МИА.

„Примена е Жалба за незаконски дејствија и одлуки. (Разгледувањето) е закажано за 4 март, затворено судско рочиште“, соопшти Градскиот суд Салехард, одговарајќи на прашање за жалбата на Људмила Навалнаја.

На 16 февруари, Одделот на Федералната казнена служба за автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални во казнената колонија. Според одделот, на рускиот истакнат опозиционер му се слошило по прошетка и изгубил свест, по што починал.