
Македонскиот шампион Струга Трим Лум доживеа пораз (0-1) од тимот на Партизани на пријателскиот меч во Подградец. Албанскиот клуб дојде до триумф со голот на Менса во вториот дел од натпреварот.
Претходно Струга одигра 2-2 против косовскиот првак Балкани во Охрид.
Шкупи на подготовките во Болу и вторпат славеше против Херманштад. Овојпат тимот од Чаир стигна до триумф од 1-0, со автогол на романскиот тим, кој потоа не реализира и пенал.