Стано: Смртта на Ихар Ледник е доказ за нехуманата димензија на угнетувањето на Лукашенко

Трагичната смрт на белорускиот политички затвореник Ихар Ледник ја докажува нехуманата димензија на угнетувањето на режимот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано на платформата Икс.  

Реакцијата на Стано следи откако белорускиот Центар за заштита на човековите права „Вјасна“ објави дека Ледник, кој имал здравствени проблеми, починал во затворската колонијата „Махилиот“.

Стано: Смртта на Ихар Ледник е доказ за нехуманата димензија на угнетувањето на Лукашенко

Стано: Смртта на Ихар Ледник е доказ за нехуманата димензија на угнетувањето на Лукашенко

Пренесувајќи ја објавата на „Вјасна“, Стано наведува дела во Белорусија има над 1400 политички затвореници кои се изложени на малтретирани или лишени од медицинска нега.

– Режимот е одговорен за нивните животи и здравје и ќе сноси одговорност, наведе Стано во објавата.

Ихар беше осуден на три години затвор под обвинение за „клевета на Лукашенко“, поради напис објавен во весникот на опозициската Белоруска социјалдемократска партија (БСДП), „Пазиција“.