Специјалната претставничка на ОН вели дека постојат јасни и убедувачки информации за сексуално насилство во нападите на 7 октомври – Хамас демантира

Специјалната претставничка на Обединетите Нации (ОН) за сексуално насилство во конфликти, Прамила Патен, во понеделникот објави дека таа и тим експерти сретнале „јасни и убедувачки информации“ за извршено сексуално насилство за време на нападите на Хамас на 7 октомври минатата година, како и врз заложниците во Газа кои се земени за време на истите напади, но таа вели дека тие информации се индиректни и не докажуваат факти за ова прашање.

Таа исто така посочи дека не успеале да направат ниту едно директно интервју со жртви на сексуално насилство.

Хамас ги отфрли сите обвинувања на Специјаните претставници на ОН и велат дека не е извршено никакво сексуално насилство од страна на нивните борци.

На прес-конференцијата објавена на страницаата на ОН, Патен информираше дека тимот на ОН предводена од неа го посети Израел помеѓу 29 јануари и 14 февруари за мисија „со цел собирање, анализа и проверка на информации за сексуалното насилство поврзано со конфликти“ во текот на 7 октомври и неговите последици, според извештајот на ОН од 24 страни.

-Ги разгледавме нашите наоди за посредни информации, коишто ја имаат обичната дефиниција на тој поим, кој гласи дека таквите информации се индиректни и не го докажуваат предметниот факт во својата фаза, туку даваат логична информација дека фактот постои, рече Патен.

Таа ги наведе ограничувањата со коишто се сретнале за време на процесот на собирање информации како што се промени на местото на злосторството, недостаток на професионална форензичка опрема, неточни и неверодостојни толкувања и интервенции од непрофесионалци, пречки за пристап до жртвите, тешки изгореници на телата и недоверба во национални и меѓународни организации, вклучително и ОН.

Од друга страна Хамас ги отфрли обвинувањата на претставничката на ОН како „лажни“ и „неосновани“.

Извештајот „излезе по неуспешните израелски обиди да го докаже ова лажно обвинение за демонизирање на палестинскиот отпор и нивните обиди за прикривање на ужасните прекршувања на човековите права извршени од израелските окупациски сили врз палестинските жени и девојки“, се вели во соопштението пренесено од Мидл Ист Монитор.

Харис Сулејман