Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево од понеделник, 20-ти декември, ќе почне со редовна работа, со термини за амбулантски пациенти, по една недела пауза, поради последиците предизвикани од невремето со снег што го зафати Преспанскиот регион.

Поради лошите временски услови и прекинот со електрична енергија од саботата, болницата немала вода и основни услови за работа, односно за амбулантски прегледи и хоспитализација на пациенти.

Директорката на болницата, доктор Алелсандра Пили, во изјава за МИА информира дека екипи прават тестирање на пумпите за довод на вода и системот за парно греење и од понеделник ќе продолжат со редовна работа.

Хоспитализираните пациенти од сабота соодветно се транспортирани до своите домови. Правиме тестирање на парното и доводот на вода и од понеделник ќе почнеме со редовните амбулантски прегледи, истакна Пили.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.