Лидерот на Македонски концепт Петар Богоејески смета дека прифаќањето на идејата за Отворен Балкан е притуставно бидејќи Северна Македонија со тоа стапува во сојуз со Србија и Албанија без да се консултираат граѓаните на референдум и без да се одобрат договорите во македонскиот парламент.

„Во нашиот Парламент, освен европскиот сојуз, ЕУ и НАТО, други сојузи не поминале. Јас дури најавив и кривична одговорност за премиерот Заев, затоа што дозволил да се потпишуваат договори за сапување во сојуз со други држави согласнио процедурата, пред се без согласност на граѓаните“, вели Богојески во интервју за порталот zoom.mk.

Тој тврди дека ако владата верува дека Отворен Балкан е толку битна идеја нека организира рефернеум, во кој ќе се прашуваат граѓаните дали се за сојуз со Албанија и Србија, а не за Европската унија.

„Ако се сеќавате на претходниот референдум прашањето е јасно, дали сте за промена на името за влез во ЕУ и НАТО. Со напуштањето на самото референдумско изјаснување е предавство и кон оние граѓани, 609 илјади , кои гласаа за промена на името со цел да влеземе во НАТО и ЕУ“, потсетува Богојески.