Писателката Габриела Стоун објави видео на „Тик-ток“ во кое објаснува како дошло до нејзината книга „Јади, моли се, #FML“ (Eat, Pray, #FML), поточно – што се случило кога нејзиниот сопруг ја изневерил со тинејџерка. Таа го почнува видеото гледајќи сериозно во камерата, па продолжува со танц…

„Мојот сопруг шест месеци имаше врска со 19-годишна девојка. Видов фотографии од неа на каучот во нашата дневна соба. Тој отишол и на одмор со нејзините родители. Ги лажел и им рекол дека се вика Даниел“, пишува таа врз видеото.

Габриела потоа покренала и барање за развод.

„Го напишав мојот ‘бестселер’ – ‘Јади, моли се, #FM’ и раскажав сѐ… Купив и куќа. А, ликот го нареков Даниел!“, вели таа натаму.

Инаку, „#FML“ е кратенка „f**k my life” („е**те животот“).

„Ова е претворање на болката во моќ“, „Искрено, застрашувачки е како мажите можат да живеат двоен живот“, – гласат некои од коментарите потоа.