Од Обединетите Нации велат дека во споледната серија ракетни напади на Израел врз Газа, уништени биле две училишта во централниот дел на појасот со кој управуваат. Во нападот, уништени се и неколку околни објекти а повредени се десетна лица.

Советот за безбедност на обединетие нации пак синоќа усвои резолуција со која се повикува на хуманитарна пауза во борбите во Газа и поголеми напори за да се овозможи испорака на хуманитарна помош на територијата зафатена од конфликтот. Резолуцијата, предложена од Малта, повикува и на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и другите групи.