Советот за безбедност на ОН го отфрли рускиот предлог за резолуција со која се бара прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Западните земји одбија да го поддржат рускиот предлог бидејќи не содржеше осуда на милитантното движење Хамас.

Државниот секретар на Соединетите Држави, Ентони Блинкен, пак, најави дека американскиот претседател, Џо Бајден, во среда патува за Израел.

Во меѓувреме палестинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 28 лица загинале во израелски напади во областа Рафа во близина на Египет, додека 23 биле убиени во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Прикажи повеќе