Словенечкиот ракометар Сташ Скубе и е добро познат на македонската ракометна јавност од времето кога играше во Вардар, а денеска како наш противник на теренот и играч на репрезентацијата на Словенија.

” Многу се мачевме, игравме во грч, но ги освоивме планираните бодови, што беше и наша цел. На крајот, тоа е единствено што се брои и што е најважно од оваа средба. Македонците ни покажаа дека се фанатични борци кои не се предадоа и после пет гола негатива во вториот дел. Наместо да се предадат, напорно работеа и не намачија. За два дена не очекува многу понапорен меч со Данците кои се едни од главните фаворити за трофејот. Се надевам дека ќе прикажеме подобар настап на тој натпревар и ќе се ослободиме од рачната сопирачка во нашата игра, – порача Скубе се словенечката телевизија.