Пилотот на Ред бул, Макс Ферстапен во неделата стигна до седмата последователна победа во Формула 1, триумфирајќи на Унгарското ГП, но остана со скршен трофеј, откако неговиот близок пријател (и ривал), возачот на Мекларен, Лендо Норис успеа да го скрши при прославата.

Норис го тресна шишето шампањско од подиумот, по што трофејот на Ферстапен падна и се скрши. Неговиот тим Мекларен се извини преку социјалните мрежи, а од Ред бул на шега одговорија дека „рекордите се тука да се кршат“, посочувајќи на нивната 12-та победа едноподруго.

Необичниот порцелански трофеј кој се доделува на Унгарското ГП е навистина посебен – тој се изработува во славната „Херенди порцеланмануфакура“, компанија основана во 1826 година која ја снабдувала со порцелан династијата Хабзбурзи во Австро-Унгарија и во повееќе кралски семејства. Според унгарските медиуми, трофејот кој го доби Ферстапен се изработува шест месеци и чини 40.000 евра

Прикажи повеќе