Македонската кошаркарска репрезентација утре со почеток од 19 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ силите ќе си ги одмери со актуелниот светски првак, Шпанија во првото коло од квалификациите за Светското првенство 2023.

Шпанците нема да настапат со НБА ѕвезди и кошаркари од Евролигата, но ќе имаат силен состав предводен од играчи кои подолго време бележат настапи во европските клупски натпреварување.

Од првичниот состав отпаднаа: Виктор Артеага (Андора), Џонатан Бареиро (Уникаха), Ориол Паули (Андора), Мигел Салво (Гран Канарија).