Барселона летово може да го продаде Ансу Фати, еден од најталентираните играчи во моментов, за да собере пари и за преодниот рок, ама и за акцијата да се врати Лионел Меси во Каталонија, најавија медиуми од шпанскиот регион, со најава дека Пеп Гвардиола е ептен загреан да го види младиот офанзивец во Манчестер сити.

Advertisements

Манчестер Сити летово планира малку посериозна реконструкција на тимот, зашто во најава е заминување на низа фудбалери за кои англиските медиуми најавуваа дека се незадоволни од Гвардиола. Тој веќе направил список на желби за да ангажира помлади играчи со што тимот ќе се надополни со млади ѕвезди во долгорочен проект за доминација.

На Ерлинг Браут Халанд и Хулијан Алварез во нападот, сега сака да го додаде Фати како офанзивно крило и Сити според последните информации ќе се обиде да го ангажира, но ќе треба да го исполни условот на Барса да плати сто милиони евра отштета, што и не е нешто проблематично сооглед на финансиската моќ на клуот зад која стојат шеиците од Абу Даби.

Фати би требало да биде замената за Бернардо Силва како една од опциите во наапдот, зашто Португалецот многу извесно на лето ќе си оди, како и Илкај Гундоган, Емерик Лапорт. /Sport1/

Прикажи повеќе