Синоќа руските агресори го ракетираа Кијив со балистички ракети, има жртви и разурнувања

Руски ракетен напад во раните утрински часови на 13 декември повреди најмалку 45 лица во областа Днипровски во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко преку неговиот официјален канал Телеграма. Осумнаесет лица се пренесени во болница, меѓу кои и две деца. Околу 27 цивили добија третман на терен.

-Осумнаесет од нив, меѓу кои и две деца се хоспитализирани, соопшти градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, додавајќи дека се оштетени згради од проектили во киjiвскиот кварт Днипровски.

Според градоначалникот, во нападот биле оштетени висококатница и неколку приватни резиденции. Првите екипи спасија 15 жители, меѓу кои и четири деца. Голем број автомобили се запалиле во дворот, а во нападот била оштетена зградата на детската болница, пренесува Кијив индипендент.

Кличко во порака на Телеграм наведе дека жители на една зграда се евакуираат, а службите за итни случаи работат на гаснење на неколку пожари.

Серхи Попко, шеф на градската воена управа на Киjiв, рече дека сите воздушни цели биле соборени со воздушна одбрана.

Кличко додаде дека за време на нападот, остатоци од проектил паднале врз зградата на друга болница во градот, оштетувајќи ги прозорците. Најмалку едно лице е повредено.

Воздухопловните сили на Украина предупредија за заканата од ракетен напад за Киjiв и Черниговската област.

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, во својот твит на 658. ден од руската агресија врз Украина објави дека синоќа Кијив беше ракетиран со балистички ракети, при што има цивилни жртви и разурнување.

Непријателските цели на рф беа уништени, но има жртви и разурнувања. Украина се бори!, напиша Дир.

Драган Мишев