Македонскиот прволигаш Силекс го врати во своите редови Антонио Каланоски. Тој повторно се враќа во Кратово и ќе го предводи нападот на Силекс во новата прволигашка сезона.

Каланоски во 2022 година од Силекс замина во Шкупи, а по само два месеци се пресели во второлигашот Гостивар каде беше еден од клучните играчи на тимот за обезбедување на прволигашки статус.

Сепак, не се договори со гостиварци за продолжување на соработката, по што дојде повикот за да се врати во редовите на Силекс./Makfudbal/

Прикажи повеќе