Појасот Газа се соочува со зголемен ризик од ширење на болести поради израелските воздушни напади кои го нарушија здравствениот систем, пристапот до чиста вода и предизвикаа толпа луѓе да се кријат во засолништата, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

„Бројот на загинати и повредени во Газа продолжува да расте поради нападите, пренатрупаноста на здравствените установи, нарушените водоводни и санитарни системи кои претставуваат дополнителна опасност за брзо ширење на заразните болести“, соопштуваат од СЗО.

Во соопштението од СЗО се наведува дека веќе се појавуваат некои загрижувачки трендови.

Недостигот на гориво во густо населената енклава, според СЗО, предизвика затворање на постројката за прочистување на водата и со тоа зголемувајќи го ризикот од бактериски инфекции како што е ширењето на дијареата. СЗО соопшти дека од средината на октомври биле пријавени повеќе од 33 551 случаи на дијареа, од кои повеќето се деца на возраст под пет години.

„Бројот на заразени деца значително е зголемен во споредба со просечните 2 000 случаи месечно во таа возрасна група во текот на 2021 и 2022 година. Покрај тоа има и 8 944 случаи на шуга и вошки, 1 005 случаи на варичела, 12 635 случаи на осип на кожата и пријавени се и 54 866 случаи на инфекции на горните дишни патишта“, се наведува во соопштението од СЗО.

Прикажи повеќе