Директорот на Одделот за тропски болести на Светската здравствена организација (СЗО), Раман Велаџудан денеска соопшти во светот во 2023 година биле регистрирани повеќе од 5,5 милиони случаи на денга треска.

Говорејќи во Женева, тој рече дека минатата година се регистрирани 5.000 смртни случаи од оваа болест.

Велаџудхан рече дека комарците, кои се главните преносители на денга треската, под влијание на еколошките и климатските промени се прошириле во неколку земји во медитеранскиот регион, јужноамериканските земји и некои делови од Африка.

Тој подвлече дека во 2023 година на американскиот континент биле пријавени 4,5 милиони случаи на денга треска, што е најголем број регистриран на континентот во една година.

Истакнувајќи дека случаите пријавени во Бразил сочинуваат 68 отсто од случаите на денга пријавени во Америка, Велаџудан истакна дека во јануари 2024 година, во Америка биле пријавени 373.709 случаи на денга.

– Земјите, партнерите и заедниците мора да соработуваат во борбата против денгата и да бидат подготвени да го откријат преносот на денга и други болести што ги пренесуваат комарците во тропските предели, рече Велаџудан.

Денга треската е честа појава во тропските области и предизвикува висока температура, главоболки, гадење, повраќање, болки во мускулите и, во најтешките случаи, крварење што може да доведе до смрт.

Бројот на случаи се зголемува во март, јуни, септември и декември, општо познати како „врнежливи периоди“.

Научниците предупредуваат дека високите температури и долготрајните дождови предизвикуваат зголемување на бројот на комарци кои пренесуваат маларија и денга треска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.