Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Македонија и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) почнаа со обуки на жени-лидерки со цел поддршка и подигнување на свеста за менталното здравје на тинејџерите.

Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.

Според Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македониа, преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во ранливите ситуации.

Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина, смета ДиЏовани.

Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.

Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина!, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.