Во тек е нова вакцина која нуди потенцијално решение за широко распространетиот проблем со високиот холестерол, кој погодува речиси 40 отсто од возрасните Американци.

Таа иновативна вакцина, која моментално се развива, го таргетира лошиот холестерол, особено липопротеинот со ниска густина (LDL), за кој е познато дека предизвикува затнување на артериите и го зголемува ризикот од мозочен удар, пишува Zimo.

Во истражувањето на научниците од Универзитетот во Ново Мексико и Универзитетот во Калифорнија, вакцината цели на клучниот протеин, протеин конвертаза субтилизин/кексин тип 9 (PCSK9), поврзан со LDL. Истражувањето е објавено во списанието „NPJ Vaccines“.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.