Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља испрати понуда до премиерлигашот Манчестер јунајтед според која во тимот од Андалузија како позајмен играч би дошол Антони Марсијал, објави  „Скај спорт“.

Понудата од шпанскиот тим опфаќа позајмица до крајот на сезоната, но не вклучува опција Севиља да го откупи договорот на Марсијал со Јунјатед.

Францускиот напаѓач го носи дресот на англискиот клуб од 2015 година и има важечки договор до 2024.

Тренерот на Јунјатед, Ралф Рангник рече минатата недела дека 26-годишниот Марсијал минатата недела изразил желба да замине од „Олд Трафорд“, откако оваа сезона одигра само два натпревари во Премиер лигата, а вкупно четири во сите натпреварувања.