Советот за безбедност на ОН неделава во Њујорк треба да ја одржи својата прва официјална седница за вештачка интелигенција, откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за нејзиното влијание врз глобалниот мир и безбедност.

Владите ширум светот размислуваат како да ги намалат опасностите од овој вид технологија што би можела суштински да ја промени светската економија и да ја преобликува меѓународната безбедносна средина.

Со седницата на СБ на ОН утре ќе претседава шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатиот месец го поддржа предлогот на некои водечки луѓе во оваа област за формирање на меѓународно регулаторно тело за вештачка интелигенција, според моделот на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Прикажи повеќе