СБУ му помогна на чешкото контраразузнавање да ја разоткрие проруската мрежа на влијание врз европратениците во Прага

Службата за безбедност на Украина (СБУ) му помогна на чешкото контраразузнавање да ја разоткрие проруската мрежа на влијание врз европратениците во Прага, изјавија извори за Укринформ.

Во пресрет на јунските избори за Европскиот парламент, чешкото контраразузнавање ја разоткри проруската мрежа на влијание врз европратениците во Прага, со која раководеше Виктор Медведчук, сојузник на Владимир Путин, велат изворите.

Проруската мрежа им платила на политичарите да ги фалат Русија и Путин во европските медиуми.

Според изворите, активноста на мрежата имала за цел да донесе што повеќе проруски политичари во Европскиот парламент.

Дополнително, голем број европски политичари кои беа поддржувачи на Путин сега претрпеа сериозен удар, бидејќи многу европратеници бараат темелна истрага за руското влијание и казна за „колегите“ кои добиле руски пари.

Претходните извештаи на медиумите објавија дека Европскиот парламент бара истрага за руската мрежа на влијание, која најверојатно ја водел Медведчук. Според податоците на чешкото контраразузнавање објавени на 27 март, двајца украински деловни директори со влијание во информациската област во Украина и блиски врски со Русија биле главните играчи во мрежата на влијание што е со седиште во центарот на Прага и води проруски информативен сајт кој објавувал антиевропски и антиукраински написи.

Целта на оваа група за влијание беше да дејствува против територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина на територијата на Европската унија. Според чешките власти, извештајот од 300 страници детално ги опишува активностите на мрежата, на чело на прорускиот олигарх и политичар Виктор Медведчук, обвинет за предавство, и поранешен генерален продуцент на информативниот канал 112 Украина, Артем Марчевски.

М. Пешевска