Фудбалската селекција на Португалија не успеа да ја оправда фаворитската улога во квалификациската група, па виза за следното Светско првенство ќе мора да бара преку бараж-турнирот.

Освојувачот на европската круна на претпоследниот континентален собир во полуфиналето ќе се сретне со Турција, а со евентуална победа во финалето ќе се судри или со Италија или со нашата селекцијата. И покрај тоа што сега патот од Катар е многу потежок за „европските бразилци“, селекторот Фернандо Сантош е оптимист дека неговите избраници ќе истрчаат на планетарниот собир.

„Прво, мораме да се фокусираме на дуелот со Турција. Се игра еден натпревар и немаме право на кикс. Позитивно од ждрепката е тоа што ќе играме пред својата публика, но тоа не треба да значи дека сме сигурни патници во финалето. Турција е квалитетна селекција со одлични играчи, но честопати знае да не функционира како тим. Токму тука е нашата шанса и убеден сум дека ќе го обезбедиме посакуваниот пласман на Мундијалот“, рече искусниот стратег.

Полуфиналните натпревари од европскиот бараж за Светскот првенство се играат на 24 март следната година, додека финалињата се закажани за пет дена подоцна.