Министерката за финансии на САД Џенет Јелен, која ќе ги претставува Соединетите држави на претстојниот министерски состанок на Групата 20 најиндустриски развиени земји во светот и земјите во развој, ќе бојкотира некои од состаноците на кои ќе присуствува Русија.

Неименуван претставник на американското министерство изјавил дека САД и нивните сојузници ќе продолжат со „заедничките напори за зголемување на економскиот притисок врз Русија“.

Јелен, исто така, се очекува да лобира во Меѓународниот монетарен фонд и кај членовите на Светската банка да го засилат финансискиот притисок врз Москва како одмазда за нивната тековна агресија.

Во забелешките минатата недела, Јелен го осуди „неиспровоцираниот напад на Владимир Путин врз Украина“.

„Се додека Путин не ја прекине својата грозоморна војна, администрацијата на Бајден ќе работи со нашите партнери за да ја турка Русија понатаму кон економска, финансиска и стратешка изолација“, рече таа.

Прикажи повеќе