Шампионката од Австралија Опен, белорусинката Арина Сабаленка експресно стигна до второто коло на Ролан Гарос, победувајќи ја украинката Марта Костјук со 6:3/6:2 во меч со доста тензии, откако Костјук пред мечот изјави дека го загубила целиот респект кон ривалката.

Украинските тенисерки подолго време одбиваат да се ракуваат со руските и белоруските тенисерки поради војната во Украина, и по ждрепката од првото коло, Сабаленка изјави дека знае дека украинките ја мразат. Меѓутоа, Костјук отиде чекор подалеку, навредувајќи ја ривалките.

„Немам ниту малку респект кон неа, бидејќи постојано оди во Русија, разговара со руските новинари и своето семејство не го извлече од агресорската област и покрај тоа што е финансиски обезбедена. Се забавува како и претходно, додека немаше војна“, изјави Костјук.

На теренот, Костјук почна подобро и напрaви брејк за 3:2 водство во првиот сет, пред белорусинката да врати со два брејка и да го поведе со 1:0.

Во вториот сет, пак, Сабаленка ја презеде контролата со брејк уште во првиот гем, за потоа да стигне до рутинска победа. Сепак, Сабаленка успеа да го сврти вниманието на публиката, па застана и се поклони. Со тоа Белорусинката ги претвори свирежите во аплаузи на „Филип Шартрие“.

Во второто коло, Сабаленка го чека подобриот од мечот помеѓу нејзината сонародничка Ирина Шиманович и Унгарката Пана Удварди./Makfax/