Русија не ја исклучува можноста да употреби нуклеарно оружје во случај ако се почувствува загрозена, изјави заменик-амбасадорот на Русија во Обединетите нации. Тој негира дека Русија врши воени злосторства, а за уништувањето на цивилни згради рече дека можеби е дело на украинската страна за потоа да ја обвинат Русија.

„Ако Русија е испровоцирана од НАТО, ако Русија е нападната од НАТО, не знам … ние сме нуклеарна сила, зошто да не… Не е соодветен чекор да ѝ се заканувате на Русија и да интервенирате, па кога иматеш работа со нуклеарна сила, се разбира, треба да ги пресметате сите можни последици од вашето однесување. Не верувам дека правиме воени злосторства во Украина. Се разбира, не е до мене да го оценувам ова, јас не сум таму, ниту вие сте таму, ги гледате видеата, многу од видеата се сметаат за лажни вести. Цивилите не беа цел, вие многу добро знаете, а ние од самиот почеток кажавме дека нашата армија не е закана за цивилното население во Украина“, рече Дмитриј Полјански, заменик амбасадор на Русија во ОН.

прашање: Има фотографија, направена од нашите колеги од Асошиејтед прес, од независни медиуми… Станови во пламен во Мариупол, погодени од руски ракети.

„Како знаете дека ракетите се руски? Лесно можеле да дојдат од внатрешноста на Украина, од центарот на градот… Тоа веќе се случи во Харков, во Мариупол…“, одговори амбасадорот.