Руските војници убиле тричлено украинско семејство во окупираната Кремина

Војниците на руските окупациски сили убиле украински цивили во окупираната Кремина (Луганска област, источна Украина), пренесува Еуромајдан прес повикувајќи се на објава на рускиот Телеграм канал АСТРА од 29 јануари.

Според ASTRA, телата на 60-годишната Наталија Бурлутска, нејзината 37-годишна ќерка Ала Бурлутска  и нејзиниот 41-годишен зет Андриј Рубан со прострелни рани. беа пронајдени во градот Кремина, окупиран од Русија, на 26 јануари 2024 година.

Роднините на убиеното семејство изјавиле дека Ала Бурлутска имала 18-годишна ќерка која преживеала, пренесе АСТРА.

Идентификувани се руските воени злосторници кои го убија украинското семејство. Според АСТРА, убијците на украинските цивили се тројца руски војници, Фидан Хајерзаманов, Игор Дмитриев и Азамат Гареев.

Фидан Хајерзаманов, 33-годишен војник на руската воена единица 12271, бил приведен од руските окупациски сили поради убиства на цивили, објави АСТРА. Неговите соборци, 30-годишниот Игор Дмитриев и 39-годишниот Азамат Гареев, се бараат и од руските окупациски власти.

Според АСТРА, засега не се познати мотивите за убиството.

Ова не е првпат руски војници да убиваат цивили во Украина. Нападите на руските агресори врз невооружени украински граѓани на окупираните територии – тортура, сексуално насилство, убиства и присилни притворања – се воени злосторства кои се системски по природа.

Подготви: Драган Мишев