Откако Западот постигна единство и реши да исклучи руски банки од т.н. СВИФТ, односно системот за прекугранични трансакции, овој платежен систем веќе нема да може да го користи Централната руска банка, како и најголемите руски кредитори. Вкупно триста руски банки го користат СВИФТ-от и по број на корисници Русија е на второто место, веднаш после САД. Оваа мерка практично ќе го блокира рускиот увоз и извоз, особено на гас и нафта.

„Ние сме во комуникација со европските власти за да добиеме детали за субјектите кои ќе бидат предмет на новите мерки и се подготвуваме да ги спроведеме“, велаат од СВИФТ

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас вели дека се подготвува листата на олигарси кои ќе бидат опфатени со санкциите.

„Го запираме извозот на технологии во Русија. Ја запираме способноста на воени компании да остваруваат профит на меѓународните пазари. Ние ја исклучуваме Русија од системот SWIFT, токму за да не можат повеќе да ја финансираат оваа воена машинерија“, изјави Лиз Трас – министер за надворешни работи на Велика Британија

Дел од новите санкции кон Русија е и замрзнување на девизните резерви на Централната банка, односно околу 643 милијарди американски долари. Со фактот што Кремљ нема да може да ги повлече девизите, се очекува рубљата да започне да ја губи вредноста, а воедно и да се постави прашањето за ликвидноста на банките.

„Руската банка ги има потребните ресурси и инструменти за одржување на финансиска стабилност и обезбедување оперативен континуитет на финансискиот сектор.“, информира Руската банка.

Европската комисија предвиде и формирање транс-атлантски орган кој ќе контролира дали се спроведуваат финансиските санкции наложени кон олигарсите блиски до Путин, како и компании во руска државна сопственост, а ќе се забрани и издавањето на т.н. „златни пасоши“ на руски ол

„Како дел од напорите ние се залагаме за примена на санкции кон руските официјални лица и елити блиски до руската влада, како и нивните семејства, преку идентификување и замрзнување на нивните средства кои се наоѓаат под наша јурисдикција.“

По објавата на новите мерки на Западот, како што пренесува Фајненшел тајмс, голем број жители на Москва се упатиле кон банкоматите, за да подигнат готовина, плашејќи се дека нема да можат да ги користат услугите на Мастер кард и Виза. Дел од банкарите споделиле дека луѓето се во паника, а подигнувањето готовина би предизвикало огромна штета. /Алсат.мк

Лука Андреев