Клучниот мост кој ја поврзува Русија со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше, е повторен отворен откако беше цел на напад, објавија руските власти.

Рускиот вицепремиер Марат Куснулин објави видео и фотографии дека мостот се пуштен во употреба од кои се гледа дека возилата се движат по една лента. Вицепремиерот рече дека се надева оти двонасочниот сообраќај ќе може да биде обновен до средината на септември.

Мостот кој е клучна сообраќајница меѓу Крим и руската територија вчера беше мета на напад со дронови, а загина брачна двојка, додека нивната ќерка е повредена.

Москва вчера одби да го продолжи договор за извор на жито од украинските пристаништа, но негираше дека ова е одмазда за мостот.

Прикажи повеќе