Новак Ѓоковиќ не успеа да ја мине последната пречка на годинешниот „Вимблдон“, откако загуби во вчерашното финале против Карлос Алкараз (2-3) поради што остана без изедначувања на рекордите по бројот победи по ред и вкупни триумфи на гренслемот во Лондон.

Англиската новинарка, Клер Болдинг, која со години го следи тенисот за Би-би-си, тврди дека за време на мечот, Роџер Федерер, со силни емоции навивал за Алкараз, со цел да си ги задржи најдобрите остварувања.

„Ќе ви кажам само едно име, кое е најсреќно со победата на Карлос Алкараз, а тоа е – Федерер. Неговиот рекорд останува недопрен, барем засега“, тврди новинарката на Би-Би-Си.

Ѓоковиќ имаше четири по ред титули на „Вимблдон“ и доколку славеше и годинава, ќе се изедначеше со Федерер. Србинот сега остана и на вкупно седум победи во Лондон, додека Швајцарецот останува неприкосновен со еден успех повеќе.

Прикажи повеќе