Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и неговата девојка Георгина наскоро повторно ќе станат родители.

Роналдо денеска на својот Инстаграм профил објави дека тој и Георгина очекуваат близнаци.

„Пресреќен сум што можам да објавам дека очекуваме близнаци. Нашите срца се полни со љубов и едвај чекаме да ве запознаеме“, изјави Роналдо со фотографија со Георгина.