Рома и Севилја ќе играат во финалето во Лига Европа на 31 мај на „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта, во битка за нов европски пехар, но победникот од овој дуел не само што ќе ја собере европската слава, туку на својата земја Италија или Шпанија ќе ѝ обезбеди и – петти учесник во Лигата на шампионите.

Веќе неколку години наназад победникот во Лига Европа добива директно место во ЛШ, а ни Рома, ни Севилја сезонава немаат шанси за пласман во европската елита да обезбедат преку националните првенства Серија А односно Ла Лига. Римјаните се откажаа од таа трка со петте меча без победа по ред, додека Севилја уште од стартот на сезоната ги загуби сите шанси, па до пред три месеци беше во зона за испаѓање.

Сега и за двата клуба е шансата која не се пропушта, зашто трофејот ќе донесе слава, ама победата ќе донесе многу пари. Зашто доаѓаат од најголемите земји, чии маркет-пазар е најголем, над 60 милиони евра ги очекува самото учество од бонусите за пласман, бонусот за историски успеси, како и приходот од маркет-пулот од ТВ-правата и спонзорските договори на УЕФА.

За Рома ова е второ финале по ред откако лани ја освоија Конференциската лига, а шесто за Жозе Мурињо, кој нема загубено европско финале. Севилја, пак, по седми рекорден пат игра за седми трофеј во своето најомилено натпреварување./Sport1