Тајлер Роговеј, експерт за воена авијација и уредник на рубриката „Воена зона“, од порталот The Drive,  детално ги проучи фотографиите од остатоците од леталото од Загреб и заклучи дека речиси сигурно станува збор за беспилотно летало.

– Цврсто веруваме дека се работи за извидувачки дрон кој личи на ракета. Сигурно се расипал, ја прелетал цела Унгарија и конечно се урнал во Загреб – напишал Роговеј и презентирал повеќе докази дека дронот пристигнал во Хрватска од воената зона.

– Неодамна беше објавено дека Украина ги става во функција беспилотните летала уште од советската ера, а колку што знам, Украинците се единствените во светот кои го користат дронот Ту-141. Збунувачки и доста алармантно е што леталото летало толку далеку, но што се однесува до тој тип на беспилотни летала, ова не е прв пат, дури ни во оваа војна. Пред само неколку дена еден се урна во Украина, објасни Роговеј.

– Реално, овој авион е повеќе крстаречка ракета отколку традиционално беспилотно летало. Лансирана од приколка, рутата е однапред одредена и се користи за собирање разузнавачки информации. И, да, има падобран, па може да се користи многу пати – вели Роговеј, кој постави и важно прашање: „Што прави воздушната одбрана на НАТО и како е можно дронот очигледно да прелетал над една или повеќе земји. ”

Прикажи повеќе