Екипата на Работнички ќе ја започне својата нова авантура во ПМФЛ со натпреварот против Шкупи. „Романтичарите“ имаа одлични подготовки и одиграа неколку силни „контролки“, а тренерот Милан Илиевски вели дека нивниот противник има мала предност поради тоа што веќе се во натпреварувачки ритам.

„Имаме максимален респект за Шкупи. Тие се во натпреварувачки ритам, а ние допрва ќе фаќаме залет за нашите предизвици. Одработиме одлични подготовки и игравме против силни екипи. Сето тоа беше убава увертира за она што нѐ очекува во првенството.

Очекувам тежок и неизвесен натпревар, но верувам дека ќе се прикажеме во одлично светло. Бодовите во првенството се најважни, а ние ќе се обидеме уште на стартот да стигнеме до позитивен резултат и успешен почеток на новата сезона“, изјави стратегот на дебармаалци.

Натпреварот помеѓу Работнички и Шкупи ќе се игра во Маџари, со почеток во 17 часот./Gol.mk/

Прикажи повеќе