Реал Мадрид излез со неколку барања пред организаторите на натпреварот во Белград. Реал, во вторник, ќе му гостува на Партизан во третиот меч од четвртфиналната серија во плеј-офот.

Во шпанската престолнина се загрижени дека ќе има евентуални репресалии, по тепачката што изби во вториот натпревар одигран во Мадрид. Како што јави израелскиот новинар Арале Вајсберг, шпанците пред да пристигнат во Србија поставиле неколку барања.

Меѓу нив се 24. часовно засилено обезбедување во хотелот, полициска придружба до „Штарк Арена“ на тренинзите, како и обезбедување покрај клупата за време на самиот натпревар. Дополнително, автобусот треба да ги земе играчите и персоналот на Реал по слегувањето од авионот, со што би се избегнало уште на терминалот да се соочат со новинарите и јавноста.

Според текстот на порталот „Валаспорт“, за кој работи Вајсберг, Партизан ги одобрил сите барања. Натпреварот е закажан за 2 мај во 20:30 часот.

Прикажи повеќе