Реал Мадрид има намера да склучи нов договор со играчот од средниот ред Тони Крос.

Клубот од Мадрид е подготвен да го продолжи договорот со 31-годишниот Германец до 2024 година, тврди новинарот Николо Шира.

Актуелниот договор меѓу Крос и Реал Мадрид е до јуни 2023 година.

Вчеравечер, фудбалерот од средниот ред го постигна првиот гол во сезоната, отворајќи го резултатот на натпреварот од Ла Лига со Рајо Ваљекано (2:1).