Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид стигна до десетата победа во Ла Лига откако славеше во дерби дуелот против Севилја со 2-1.

Гостите беа оние кои го отворија натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ во 12. минута преку Мир, но мадридскиот клуб во продолжението успеа да стигне до целосен преврт.

Бензема стрелаше во 32. минута, а победата ја донесе Винициус Жуниор на три минути пред крајот на регуларниот дел.

Со овој триумф Реал Мадрид направи дополнителна предност на врвот на табелата и сега има четири бода повеќе во однос на Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.