Реал Мадрид успеал да го договори трансферот на францускиот напаѓач Килијан Мбапе од Париз Сен Жермен, тврди новинарот Франсоа Галјардо.

Шпанскиот клуб ќе плати 224 милиони евра, плус 56 милиони евра во бонуси. Во август 2017 година, ПСЖ го зеде Мбапе на позајмица од Монако, а една година подоцна го купи напаѓачот за 180 милиони евра.

Со тимот на парижаните, Мбапе петпати стана шампион на Франција, трипати го освои Купот и двапати го освои Суперкупот на Франција. Килијан Мбапе е стрелец број 1 во историјата на ПСЖ со 212 гола.

Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 41 гол и забележа 10 асистенции на 43 натпревари во дресот на ПСЖ во сите натпреварувања. Договорот на играчот со клубот е со важност до крајот на јуни 2024 година./Makfudbal/

Прикажи повеќе