Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски најверојатно летово ќе го напушти Рајо Валјекано, откако клубот е подготвен да го продаде својот прв голман.

Продажбата на Димитриевски зависи од евентуалниот ангажман на нов голман во редовите на Рајо. Шпанскиот прволигаш ќе се обиде да го купи голманот на Лацио, Луис Максимилијано.

Се очекуваше ова лето Рајо Валјекано да му понуди нов договор на Димитриевски, но, сепак, шпанските медиуми тврдат дека клубот размислува за продажба на Столе Димитриевски. Голманот на репрезентацијата на Македонија, се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид, но сепак на крајот ништо не се случи од тоа.

Прикажи повеќе