Тимот ќе се гради околу Килијан Мбапе, додека намерата е да заминат Нејмар, но и Лионел Меси, кој добива огромни свирежи на последните неколку натпревари. ПСЖ на Меси му упати нова понуда, но со 75 отсто намалување на сегашната плата од 40 милиони евра. Јасно е дека aргентинецот нема тоа да го прифати и дека ќе си замине.

Advertisements

Се чини дека поголемиот проблем на „светците“ е како да се ослободат од Нејмар. Повредата која ја претрпе Бразилецот за време на првенствениот натпревар против Лил во средината на февруари може да влијае на остатокот од неговата кариера.

Француските медиуми пишуваат дека парискиот клуб со задоволство би се ослободил од него во вносен трансфер, но стравуваат дека нема да можат да го сторат тоа. Нејмар ги оштети лигаментите на десниот скочен зглоб, поради што мораше да оди на операција. Прогнозата на клубот беше опоравување од околу четири месеци, но сега се пишува дека Нејмар би можел да закрепне уште подолго. Ова ги нарушува плановите на францускиот шампион.

Парижаните сакаат да го продадат Нејмар, но се докажува дека тој е лесно подложен на повреди. Ова може да влијае на резултатите од евентуалните лекарски прегледи на заинтересираните клубови и да резултира со негово останување во Париз. Нејмар одлично ја започна сезоната и во првиот дел постигна 11 гола со девет асистенции. Ситуацијата за него се промени на полошо по враќањето од Светското првенство во Катар.

Прикажи повеќе