Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички одигра доминантен натпревар и славеше над Академија ФМП (100-77) во рамки на шестата рунда во Првата лига.

Најефикасен кошаркар кај победникот беше Џексон Пол кој финишира со 35 поени, пред Недим Мустафица со 29 поени, додека Горјан Марковски постигна 16 поени. Кај Академија ФМП, Стефан Крстајиќ запиша 18 поени, пред Леонид Тодоровски со 16 поени.

Работнички во Првата лига по седум одиграни кола има скор 5-2 и котира на втората позиција на табелата, додека Академија ФМП е со скор 4-3 и се наоѓа на шестото место кое е последното кое води во разигрувањето за титула.